Wednesday, 2 April 2014

Застава 750/850 (Фиќо)

Застава 750 или Фиќо е автомобил произведен од Крагуевачката фабрика за автомобили Црвена Застава. Со производство почнал во 1955 како верзија на Фиат 600, а прекинал да се произведува во 1985. Застава 750 има мотор од 767 cm³ и 22 кс. Околу 1974 излегува моделот Застава 850 кој е ист како Застава 750 само со работна зафатнина на моторот од 843 cm³ и околу 23 кс. Максимална брзина постигнувал дури и до 120 km/h

Фиќото насекаде во СФРЈ

Рекламна слика за Застава 750/750L
  Застава 750 бил во состав на полиција, медицинска помош, војска и ветеринарните служби, а служел и за обука на нови возачи.

Фиќото бил популарен и барнан автомобил за време на '60 и'70 години во СФРЈ. Фиќото бил    автомобил употребуван во многу стари Југословенски филмови, но и во филмови надвор од СФРЈ. 
 Некои модели на Застава 750 се:

  • Застава 600D
  • Застава 750
  • Застава 750 L
  • Застава 850
  • Застава 850 LE
  • Застава 750/850 комби
Застава 750 или Фиќо уште можеме да го сретнеме на просторите на поранешна СФРЈ.


  


Ентериер на Застава 750 luxe
Застава 850 комби


No comments:

Post a Comment