Застава 101 е автомобил произведен од фабриката Црвена Застава од Крагуевац (Србија). Првиот модел на Застава 101 е произведен 1971 година, а последниот е 2008 год. под името Југо Скала 55/65. Застава 101 се произведувала во варијаната со 3 врати (Застава 101 Медитеран) и со пет врати. Со мотор од 55 или 65 (Југо Скала 55/65) коњски сили и од 1100 или 1300 кубни цм.
Историја на Застава 101
![]() |
Фиат 128 (1969) |
Во далечната 1969 год. стручњаците во Фиат на Црвена Застава ја отсапуваат исфрлената проект серија со кодно име Фиат Х 1/1 или Фиат 128 со цел да се произведува во погоните на Црвена Застава .Во погоните на Црвена Застава овој модел се произведувал уште цели 37 год.
![]() |
Првиот модел на Застава 101 |
Застава 101 прв пат на јавноста е претставена на 15.март 1971 на саем на автомобили, со производство е почнато на 15.октомври 1971. Застава 101 е најуспешниот автомобил на Црвена Застава после Застава 750 или Фиќо. Во 1971 год. се произведени околу 89.000 автомобили Застава 101.
Модели на Застава 101
Од 1971 до 2008 год. во Црвена Застава се произведени многу модели на Застава 101, а некои се:
- Zastava 101 comford - 1116 или 1290 кубни цм
- Zastava 101 SC-super
- Zastava 101 special
- Zastava 101 mediteran
- Zastava/Yugo Skala 55/65
- Zastava 1100р - Модел произведен во Полска
- Zastava 101 lux
Застава 101 е извезувана во многу држави како: Велика Британија, Германија, Швајцарија, Франција, Полска, Романија, Бугарија и др.
![]() |
Застава 101 Медитеран |
No comments:
Post a Comment