Застава 750 или Фиќо е автомобил произведен од Крагуевачката фабрика за автомобили Црвена Застава. Со производство почнал во 1955 како верзија на Фиат 600, а прекинал да се произведува во 1985. Застава 750 има мотор од 767 cm³ и 22 кс. Околу 1974 излегува моделот Застава 850 кој е ист како Застава 750 само со работна зафатнина на моторот од 843 cm³ и околу 23 кс. Максимална брзина постигнувал дури и до 120 km/h
Фиќото насекаде во СФРЈ
![]() |
Рекламна слика за Застава 750/750L |
Застава 750 бил во состав на полиција, медицинска помош, војска и ветеринарните служби, а служел и за обука на нови возачи.
Фиќото бил популарен и барнан автомобил за време на '60 и'70 години во СФРЈ. Фиќото бил автомобил употребуван во многу стари Југословенски филмови, но и во филмови надвор од СФРЈ.
Некои модели на Застава 750 се:
- Застава 600D
- Застава 750
- Застава 750 L
- Застава 850
- Застава 850 LE
- Застава 750/850 комби
Застава 750 или Фиќо уште можеме да го сретнеме на просторите на поранешна СФРЈ.
![]() |
Ентериер на Застава 750 luxe |