Wednesday, 2 April 2014

Застава 750/850 (Фиќо)

Застава 750 или Фиќо е автомобил произведен од Крагуевачката фабрика за автомобили Црвена Застава. Со производство почнал во 1955 како верзија на Фиат 600, а прекинал да се произведува во 1985. Застава 750 има мотор од 767 cm³ и 22 кс. Околу 1974 излегува моделот Застава 850 кој е ист како Застава 750 само со работна зафатнина на моторот од 843 cm³ и околу 23 кс. Максимална брзина постигнувал дури и до 120 km/h

Фиќото насекаде во СФРЈ

Рекламна слика за Застава 750/750L
  Застава 750 бил во состав на полиција, медицинска помош, војска и ветеринарните служби, а служел и за обука на нови возачи.

Фиќото бил популарен и барнан автомобил за време на '60 и'70 години во СФРЈ. Фиќото бил    автомобил употребуван во многу стари Југословенски филмови, но и во филмови надвор од СФРЈ. 
 Некои модели на Застава 750 се:

  • Застава 600D
  • Застава 750
  • Застава 750 L
  • Застава 850
  • Застава 850 LE
  • Застава 750/850 комби
Застава 750 или Фиќо уште можеме да го сретнеме на просторите на поранешна СФРЈ.


  


Ентериер на Застава 750 luxe
Застава 850 комби


Tuesday, 1 April 2014

Директорската лимузина од Крагуевац - Застава 1300/1500

Застава 1300/1500 е автомобил произведен од Крагуевачката фабрика за автомобили Црвена Застава. Народот му го дал името тристач. Автомобилот се произведувал со лиценца од Фиат и истовремено со италианскиот модел на Фиат 1300/1500. Почнал да се произведува 1961 година, а завршил со производство 1979 год. Застава 1300/1500 е најдобриот автомобил направен од Црвена Застава и најдобар автомобил во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Застава 1300 и 1300 L
Податотека:Fiat 1300 gr vr.jpg
Застава 1300 F (караван)
Податотека:1966 Fiat 1500 interior.jpg
Ентериер на Застава 1300

Изглед и намена

Застава 1300 е голем и комфорен автомобил со седишта со црвена кожа особено кај моделот Luxe.Застава 1300 има максимална брзина околу 140 km/h.

 Поради својот комфорд Застава 1300 долго и служел како возило на полицијата, но и како возило на многу директори, министри или други поголеми државни слижбеници во СФРЈ.






Застава 101

Застава 101 е автомобил произведен од фабриката Црвена Застава од Крагуевац (Србија). Првиот модел на Застава 101 е произведен 1971 година, а последниот е 2008 год. под името Југо Скала 55/65. Застава 101 се произведувала во варијаната со 3 врати (Застава 101 Медитеран) и со пет врати. Со мотор од 55 или 65 (Југо Скала 55/65) коњски сили и од 1100 или 1300 кубни цм.

Историја на Застава 101 

  Фиат 128 (1969)
Во далечната 1969 год. стручњаците во Фиат на Црвена Застава ја отсапуваат исфрлената проект серија со кодно име Фиат Х 1/1 или Фиат 128 со цел да се произведува во погоните на Црвена Застава .Во погоните на Црвена Застава овој модел се произведувал уште цели 37 год. 


                              

Првиот модел на Застава 101
Застава 101 прв пат на јавноста е претставена на 15.март 1971 на саем на автомобили, со производство е почнато на 15.октомври 1971. Застава 101 е најуспешниот автомобил на Црвена Застава после Застава 750 или Фиќо. Во 1971 год. се произведени околу 89.000 автомобили Застава 101.



                                                                                                                                         

Модели на Застава 101

Од 1971 до 2008 год. во Црвена Застава се произведени многу модели на Застава 101, а некои се:

  • Zastava 101 comford - 1116 или 1290 кубни цм
  • Zastava 101 SC-super
  • Zastava 101 special 
  • Zastava 101 mediteran
  • Zastava/Yugo Skala 55/65
  • Zastava 1100р - Модел произведен во Полска 
  • Zastava 101 lux


    Застава 101 е извезувана во многу држави како: Велика Британија, Германија, Швајцарија,         Франција, Полска, Романија, Бугарија и др.
                                                                            

 Застава 101 Медитеран